Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Едно на власт, друго во опозиција – СДСМ од џеб вади економски предлози

Популистички или реални мерки? Откако СДСМ се преместија во опозициски столчиња, одеднаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Популистички или реални мерки? Откако СДСМ се преместија во опозициски столчиња, одеднаш почнаа да им текнуваат магични решенија со кои тврдат дека ќе го спасувале стандардот на граѓаните. По барањето за намалување на ддв-то за струјата и храната, сега бараат државата да субвенционира придонеси за се покачеле платите, но немаат одговор зошто ваквите мерки не ги усвоиле во изминатиове 7 седум години кога имаа апсолутна власт.

Со нашиот предлог-закон, платите за 400.000 работници ќе можат да се зголемат од 3.000 до 15.000 денари, без дополнителен товар за работодавачите, бидејќи за тој износ нема да се плаќаат придонеси, вели Кузеска.

Она што е интересно е дека ваквиот предлог доаѓа токму од власта која според податоците кои ги објавија финансиските институции го оставила само ПИОМ во огромна финансиска дупка. Пред ребалансот на Буџетот во 2024-та година во оваа ибнституција недостигаа 2,5 милијарди денари или 40 милиони евра за исплата на пензии.

Реклама

Ревизорскиот извештај пак покажа дека наплатените придонеси од плата на фондот во 2023 не биле доболни за 33 отсто од потребните пари за исплата на пензиите, па морало да интервенира државата и покрај рекордната наплата лани на придонеси од 63 милијарди денари.

Граѓаните пак по објавата на вчерашната мерка остро реагираа на социјалните мрежи :

Ја сотревте државата па сега знаете како да ја опраите,ни срам ни намус немате се украдовте,се продадовте и сега ќе ја спасувате,пу ј’зк  …. пишува граѓанин

Имавте шанска кога бевте на власт, зошто тогаш не го сторивте тоа. Не ви е лош предлогот, ќе го запаметиме за кога повторно ќе дојдете на власт

Методологијата за пресметка на минималецот според која висината на платата се утвртува согласно со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата беше донесена во 2022 година токму од СДСМ под притисок на работниците. Тие пред три години гласно зборуваа дека е потребно решение кое ќе биде одржливо на долг рок, но не го спомнаам, на пример, тоа што сега го предлагаат.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш поднесоа 4 амандмани, со кој бараа и скалесто покачување на сите плати во јавниот сектор согласно растот на минималецот, но беа одбиени.

Додека во Македонија се чини дека постојано трае битката за покачување на платите, СДСМ во нивниот мандат остана запаметени по тоа што на своите функционери си ги покачија платите за дури 78 отсто. Ова ги налути работниците и следуваа серија протести и штрајкови.

Инаку во пресметката за плата во Македонија 18, 8 отсто се плаќаат придонеси за пензиско, 7.50 % за здравствено и 0.50 отсто за здравствено осигурување во случај на повреда или професионално заболување.