Дали и кога ќе дојде специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп во Македонија, да истражува како се злоупотребувале парите од УСАИД. По најавата дека специјални оперативци ќе прават ревизија на работењето на УСАИД на Балканот, невладините организации се во паника, а некои се подготвени да ги прекинат активностите, пренесуваат медиумите од регионот.
За сега под лупа се ставени Србија и Босна и Херцеговина. Само во Бања Лука во изминатите четири години биле потрошени 402 милиони долаги, од кои само 150 милиони може да се оправдаат, обелодени поранешниот американски федерален обвинител Мартин де Лука, кој е дел од тимот на САД што пристигна во Босна и Херцеговина минатата недела. Во Србија пак исчезнати биле 500 милиони евра.
Јас и мојот тим некое време сме вклучени во ова прашање за УСАИД и за парите кои на некој начин биле злоупотребени. Секако ова е рана фаза, но претседателот Трамп е многу одлучен, да се истражи. Некои 402 милиони долари преку различни проекти и програми се слеани во Босна и Херцеговина. Од нив, на околу 250 милиони долари не може да им се влезе во трага. Не можеме да бидеме сигурни затоа што истрагата е во рана фаза, но според она што се случувало во други земји, има индикации за измами и злоупотреби на тие пари, изјави Де Лука.

Eден од најпопуларните американски политички коментатори, Ден Бонџино објави дека СДСМ и Сорос, со поддршка од УСАИД, ги финансирале иницијаторите на шарената револуција во 2015 година во Македонија.
Овој тренд на влијание на Сорос и УСАИД не е нов; според Бонџино, слични проекти се спроведувани и во други земји како Украина, со цел да се влијае на политичките процеси преку финансиска и логистичка поддршка за левичарските активисти.
Како потврда на поврзаноста на проектите на УСАИД и фондацијата Сорос, во текстот на страницата на Ден Бонџино се објавени фотографии од шарените активисти кои носат маици со натпис „Армија на Сорос“. Авторот кој важи за десничарски коментатор во САД, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, иако била прозападна опција, одбивала да направи отстапки за историските прашања што било злоупотребено од СДСМ и левичарите во ЕУ, да ја претставувааат како антиевропска.
„Протестите доведоа до избори во 2017 година и на жалење на Сорос и друштвото, ВМРО-ДПМНЕ сепак освои најмногу пратенички места, бидејќи партискиот лидер водеше кампања за „десороизација на земјата“. За да го спречат да формира коалиција, имаше притисок врз албанските партии да не коалицираат со нив и наместо тоа да се приклучат на СДСМ. Тогаш владата предводена од СДСМ одобри голем број историски отстапки кон Грција и кон Бугарија кои го блокираа членството на Македонија во НАТО и нејзините први чекори кон членството во ЕУ. Македонскиот народ ја отфрли оваа промена на името, па затоа Сорос мораше да ја присили. За жал на империјата на Сорос, ВМРО-ДПМНЕ ја врати власта во 2024 година“, се наведува во текстот.
Инаку, Американскиот Стејт Департмент, по налог на претседателот Трамп на 24 јануари одлучи да ја замрзне распределбата на средствата за речиси целата американска помош во странство.
Па така, од тоа што досега се откри, најмалку неколку десетици милиони долари се слевале во Македонија.
