Одговорност мора да има за струшката депонија која 20 години ги труе граѓаните и претставува една од најопасните нестандардни,диви депонии во државата. Глувоста и игнорирањето на проблемот со депонијата на која се натрупани илјадници тони секаков вид отпад не смее да помине неказнето.С удството и обвнителството се оние кои до сега требаа да реагираат-вели заменик министерот за правда, Ален Деребан. Во кривичниот законик од 2023-та има кривични дело екоцид,но тоа не е единствниот начин виновниците да завршат зад решетки.
“Посоосдветно кривично дело кое што треба да се примени во конкретниот случај е кривичното дело загрозивање на животната средина и природата со отпад и за истото кривични дело е предвидена казна затвор во времетрање од 1 до 10 години.Докажувањето на тоа кривични дело е во рацете на обвинителството затоа што станува збор за кривични дело кое што се гони по службена должност, а не по предлог или по приватна тужба.Не знам зошто обвинителството и по допрен глас нема превземено никакви дејствија во врска со струшката дива депонија”-вели Ален Деребан, заменик министер за правда
Струшкиот основен суд и битолска апелација цели 4 години го шетаапредметот за на крај да ја отрфлат тужбата која Македонското здружение на млади правници ја поднесе против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ поради непревземање мерки за справување со депонијата.Граѓанските активисти сега правдата ќе ја бараат во Стразбур.

“Не може никој да не е надлежен за нелегална депонија и енормно загадување на животната средина.Македонските судови тешко излегуваат од онаа матрица постојано да ги заштитуваат државните органи,јавните органи дури и во ситација кога имаме прекршување на основните човекови права и уставно загарантирано право на здрава животна средина”-вели Глигорие Ќатоски-адвокат
На постоечката локација започна да се одлага отпад во 2006-та година со одлука на административната власт на чело со тогашниот и сегашен градоначалник Рамиз Мерко.Едниствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира,а се прикажуваа огромни суми за нејзино одржување.За илустрација за период од 2018-та до септември 2022-ра на име одржување и изградба на депонии за отпад, општината прикажала дека има потрошено 820.000 евра пари народни пари,ама само на хартија.
