Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

ССМ бара минималната плата да достигне 500 евра

Минимална плата од 30.000 денари – Сојузот на синдикати на Македонија бара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минимална плата од 30.000 денари – Сојузот на синдикати на Македонија бара најниската плата да порасне за речиси 8.000 денари, а не како што законот предвидува, за околу 1.800.

Синдикатот предлага државата да ги ослободи работодавачите од плаќање придонеси за разликата од она што го вели законот до она што се бара, за период од една година. Тие очекуваат дека до средина на март да има почетен разговор на Економско социјалниот совет.

Официјалното мислење за висината на минималецот треба да го донесе Економско – социјалниот совет. Дебатата во моментов не може да продолжи бидејќи не е утврдена репрезентативноста на синдикатот. Од Владата веќе кажаа дека многу скоро ќе ја формираат комисијата која треба да го направи тоа.

Реклама

Од опозицијата во улога на критичари, иако тие се оние кои ја потпишаа актуелната методологија според која се пресметува минималецот и тоа под силен притисок од работниците. Од СДСМ велат дека поддржуваат минималецот да достигне 500 евра.

„Сега гледаме дека цените постојано растат, животниот стандард на граѓаните континуирано опаѓа, владата не нуди никаква економска политика којашто ќе значи повисоки плати за работниците, и ликвидност на компаниите. Гледаме дека ефектите коишто ги имаа кошничките не го дадоа резултатот, нема никакви ефекти“, вели Лукаревска.

„СДСМ имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот. СДСМ ја отвори спиралата на зголемени цени и го плафонираше јавниот долг. Предлогот што сега го предлагаат можеа да го спроведат, но наместо тоа се фокусираа на испумпување на милиони од буџетот. Доколку сега се реализира нивниот предлог тоа ќе значи крах на Фондот, затоа што украдоа се што можеше“, одговорија од ВМРО ДПМНЕ.

Досегашниот став на Владата е дека ќе го прифати она што ќе го договорат работниците и работодавачите. Останува отворено дали ќе биде прифатен предлогот за субвенционирање на придонесите за кој се очекува од Илинденска да се произнесат наскоро.

Ставот на работодавачите е дека платата треба да ја следи продуктивноста, и да се почитува законот за плата од 24 400 денари, но доколку државата се согласи да ги плаќа придонесите тие ќе плаќаат повисока плата.