Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Во пресрет на Велики поклади – Прочка, во Прилеп продолжува негувањето на стариот адет „амкање“

 Стариот адет „амкање јајце“ на Велики Поклади-Прочка, како вовед во престојните Велигденски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Стариот адет „амкање јајце“ на Велики Поклади-Прочка, како вовед во престојните Велигденски пости, традиционално продолжува да се негува во Прилеп. Вареното јајце кое со конец е врзано на сукало, најстариот член во семејството го врти на трпезата на која има се’ освен месо, додека помладите членови се обидуваат да го лапнат. Оној кој ќе успее во ова се смета дека ќе биде најсреќниот и најздравиот член во престојната година. Овој убав обичај денеска беше презентиран и јавно на платото под прилепскиот Градски Саат.

   „Значењето на амкањето на јајацето е тоа што оваа вечера е последна мрсна (вечера) и се затнува устата со бело јајце. А полсе пак, за Велигден се отвора со црвено јајце…Имаме една игла подебела со подебел конец и го пробушуваме на средина. Го врзуваме на сукало и еве вака на малите дечиња, кое што ќе го лапне јајцето, тој е најуспешен“, – објаснува Јелица Вучетиќ, од Здружението „Преродба“.

   Како што објаснуваат овие верни чуварки на македонските традиционални вредности и обичаи, на „амкањето јаце“, најпрвин му претходи чистењето на гревовите со т.н. „духовна метла“, по што се бара меѓусебна прошка и се започнува со постењето. А круната на овие „прочкарски“ адети е масовното преправање, односно маскирањето со кое се бркаат „злите духови“.

Реклама

  „Се верува дека ако се згрешило во текот на годината, ќе си побараш прочка од родителите, од постарите. Па, тие ќе ти речат – простено ви е од нас и Господ нека ви прости….Ние од Здружение „Преродба“ секогаш сме активни за „Прочка“.Не само со „амкањето јајце“, не само трпезите што ги правиме, туку одиме и на Карневалот…Годинава ќе учествуваме со точката „Го пратиле дедо в планина“ утре на Карневалот, па ги ги поканувам сите нека дојдат и нека гледаат како и ние бабите знаеме нешто да изведеме“, – ни рече Ленче Спиркоска од Здружението „Преродба“.

    Централното заокружување на Велики Поклади ќе биде утре со Карневалот „Прочка 2025“, кој во Прилеп ќе се одржи по 23-ти пат. Дефилето на над 600-те учесници под маски ќе се одржи точно напладне во центарот од градот, а за најуспешните, кои ќе ги оценува стручно жири, ќе следуваат и пригодни награди. Годинава се очекуваат околу 25 поединични и групни маски.

 Каролина Дурло