Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мисајловски: БСС „Волци“ се херои и храбри лица кои се максимално посветени кога се работи за Македонија

Во пресрет на 1. март – Денот на Баталјонот на специјални сили…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на 1. март – Денот на Баталјонот на специјални сили на македонската Армија, министерот за одбрана Владо Мисајловски им се заблагодари на припадниците на најелитната единица „Волци“, кои како што вели се херои и храбри лица кои секогаш се максимално посветени, пожртвувани и мотивирани да застанат на браникот на татковината и тоа го прават затоа што имаат огромна љубов кон нашата татковина, Македонија. На својот Фејсбук профил, министерот Мисајловски напиша.

„Ви изразувам искрена благодарност и признание за професионализмот и храброста што ја покажувате секој ден. Вашата служба е пример за највисоките стандарди на посветеност и стручност. За вашите достигнувања не постојат доволно зборови кои ќе ја опишат вашата улога и значење за Македонија. Вашата енергија, храброст и посветеност ја прават нашата безбедност и иднина посигурни. Продолжете гордо и посветено да го покажувате ликот на македонската Армија“ истакна Мисајловски.