Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании

Случајот „Адитив“ за местење тендери во РЕК Битола и РЕК Осломеј, оди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот „Адитив“ за местење тендери во РЕК Битола и РЕК Осломеј, оди кон разрешница. Многу звучни имиња беа предмет на истрага во изминатиот период меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство.

Неговиот наследник, Васко Стефанов, како и екс-директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против 31-но физичко и пет правни лица. Кривичните дела што им се ставаат на товар се несовесно работење во службата; злосторничко здружување; злоупотреба на постапка за јавен повик: доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и перење пари.

Обвинетите преку договарање овозможиле фаворизирање на одредени компании во тендерската постапка за набавка на адитиви за јаглен притоа стекнувајќи нелегална имотна корист и извршиле трансакции за перење пари во износ од 6,8 милиони евра со цел да го прикријат потеклото на финансиските средства.

Реклама

Обвинителството бара конфискација на имот и парични средства како и продолжување на притворот за девет обвинетии куќен притвор за еден.