Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Советниците Албанци во Струга бараат промена на имињата на улиците, ВМРО-ДПМНЕ не дава

Промена на имињата на улиците, плоштадите и мостовите во Струга иницираат советниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промена на имињата на улиците, плоштадите и мостовите во Струга иницираат советниците од албанскиот блок партии – идеја која се обидуваат да ја протуркаат цели  2 децении.

„Водени од фактот дека нашата општина е мултиетничка, а голем дел од улиците датираат од некои лоши времиња,сметаме дека задираат во чувствата на граѓаните на Општина Струга”, вели Асим Саитоски, Алијанса на албанците

Вакви обиди имаше во неколку наврати почнувајќи од 2007-та при што како предлози се спомнуваа имиња дури и на контроверзни личности,прашавме како ќе најдат заедничко решение, доколку тоа повторно се случи?

Реклама

„Тоа е за дискутирање, контроверзни личности тоа зависи кој како гледа, секој си има свое мислење, свое видување на случувањата од минатото.Тоа е потреба на времето бидејќи го отсликува новиот систем, новиот поредок кој што државата веќе 35 години го доживува така да и градот има потреба за оваа нова реланост”, вели Фармир Емуш од Беса

 „Именувањето на улиците ќе треба да се направи со грижа и почит кон културното и историското наследство на Струга, вклучувајќи имиња на познати личности, историски настани, како и елементи кои го одразуваат идентитетот на овој посебен град, во духот на мултиетничка и мултикултурна заедница” велат од ДУИ

Иницијативата помина со 16-та гласа на советниците од трите албански партии.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, не ја поддржаа,се поднесува велат во изборна година и освен ситно политичко профитерство нема никаква друга ефективна вредност која би им го подобрила животот на стружани.

„Ваквите прашања, доколку имаат за цел да ги унапредат меѓуетничките релации, треба да бидат јавно и стручно елаборирани и дискутирани, на сите нивоа на заедницата. Сите досегашни иницијативи на оваа тема завршиле без епилог, од причини што нивното поднесување било предизборна калкулација и непристоен флетр со гласачкото тело, а не искрена заложба да се најде општоприфатливо решение“ велат од ВМРО-ДПМНЕ

На седница на Совет именувањето на улиците ќе биде ставено како точна на дневен ред,а треба да се гласа по принципот на Бадентер.Советниците од СДСМ кои се позиција во советот уверуваат дека нема да ја гласаат ваквата одлука.