Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли низ патиштата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, а напоредно со тоа течат секојдневни превентивни активности од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, со цел граѓаните да се потсетат за важноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Вчера (26.02.2025), во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава беа издадени 732 платни налози. Од нив 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани беа 57, односно 25 прекршоци. Полициските службеници исто така детектираа 65 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во три случаи откриени се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а санкционурани се и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите. Откриени се и 21 нерегистрирано возило во сообраќајот, а четири возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, следствено одредбите од Законот за возила.