Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Фридом хаус“ ја рангира Македонија како делумно слободна земја

Состојбата со слободата се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата со слободата се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди невладината организација „Фридом хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, во својот годишен извештај објавен денеска.

Во извештајот се забележува дека и покрај негативните трендови, има неколку случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија. Организацијата со седиште во Вашингтон ја оценува состојбата на слободата во секоја земја користејќи систем на поени од 0 до 100, со тоа што колку повеќе поени има земјата, толку е послободна. Во зависност од тоа колку поени добива една земја, таа спаѓа во една од трите категории: слободни земји, делумно слободни и неслободни.

Во овогодишното рангирање на „Фридом хаус“, непрофитна организација финансирана од американската влада, две земји добија статус на слободни: Сенегал и Бутан, Хималајското кралство кое ја консолидира својата транзиција кон демократија преку избори.

Реклама

Нашата земја, исто како и минатата година, има 67 од 100 поени и е рангирана како делумно слободна, односно се уште во меѓународните извештаи ги гледаме последиците од владеењето на двоецот СДСМ-ДУИ.