Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Резолуцијата во ОН ги скара Филипче и Мицкоски: СДСМ има проблем со блискоста на Владата до Администрацијата на САД

Опозициската СДСМ има проблем со блискоста на Владата со новата Администрација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСМ има проблем со блискоста на Владата со новата Администрација на САД. Им смета тоа што Македонија во рамките на Обединетите нации, застана отворено зад резолуцијата на САД за Украина, која патем беше усвоена во Советот за безбедност и за разлика од другата, подржана од Франција и Германија, оваа е обврзувачка.

Според лидерот на СДСМ, Македонија не требала да избира страна и во стилот на досегашната политика на претходната Влада, требала да седи на две столчиња, односно да гласа „за“ двете резолуции. Филипче ја обвини Владата дека со овој потег таа покажала дека македонската надворешна политика била без компас и дека се одлучувало импулсивно. Според него, Владата ја продлабочила конфузијата со тоа што прифатила да бидеме ко-спонзори на американската резолуција, а потоа сме гласаале воздржано.

Премиерот Мицкоски веднаш му реплицираше – на СДСМ и Филипче им пречи што имаме навистина исклучително добра соработка со новата Администрација на претседателот Трамп. Премиерот му објасни на лидерот на опозицијата дека резолуцијата на Советот за безбедност е обврзувачка, дека и останатите европски земји биле воздржани, а не против, што практично значи дека ја поддржале. Во однос на претходното гласање кажа дека тоа било направено во координација со Американците.