Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Заедничкиот регионален пазар во фокусот на средбата Муртезани-Капетановиќ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имаше средба со генералниот секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имаше средба со генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ. На средбата беа разменети мислења за тековните иницијативи за регионална интеграција и улогата на Советот во поддршката на континуираниот напредок на земјите од Западен Балкан кон нивните европски амбиции, соопшти Министерството за европски прашања.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар, кој е дел од вториот столб на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан. Муртезани и Капетановиќ ја потенцираа важноста на продлабочувањето на економската соработка и конкурентноста помеѓу земјите од Западен Балкан со цел интеграција во единствениот европски пазар, што претставува и една од основните цели на Планот за раст.

Заеднички е констатирано дека спроведувањето на Акцискиот план е клучно за унапредување на економската интеграција, како и за создавање поволни услови за слободно движење на стоки, услуги и работници. Исто така, акцент беше ставен на значајноста на соработката во секторите на енергетика, транспорт и дигитализација, кои ќе ја подобрат конкурентноста на регионот и ќе придонесат за неговата економска стабилност.

Реклама

Муртезани изрази благодарност за поддршката од Советот за сите иницијативи кои го унапредуваат регионалниот дијалог и интеграција и ја реафирмираше посветеноста на Република Македонија да продолжи со реформските напори и да вложува во економската интеграција и усогласување со европските стандарди, стои во соопштението од Министерството за европски прашања.