Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меџити: Се усогласуваме со новите директиви на ЕУ за контрола на индустриското загадување

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска беше дел од официјалното затворање на проектот за зајакнување на административните капацитети во национално и локално ниво, за ефективно спроведување на европското законодавство од областа на индустриското загадување.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити, на завршниот настан на кој присиуствуваа и партнерите на проектот – амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас и амбасадорката на Грција Софија Филипиду, се заблагодари на Европската Унија за поддршката што ја добива земјава во подготвителните активности за пристапување кон Унијата.

„Новата Директива за индустриски емисии преставува главен инструмент за превенција на емисиите од големите индустриски активности. Применува интегрален пристап, што има за цел спречување и намалување на загадувањето на животната средина од сите аспекти како што се воздухот, почвата, водата, употреба на ресурси, енергија, како и генерирање на отпад од самите индустриски активности. Исто така, ги поставува основните принципи за издавање на дозволи и контрола базирајќи се на построга примена на „најдобрите достапни техники“, изјави Меџити.

Реклама

Новата Директива заменува седум претходно постоечки директиви поврзани со индустриски активности и пропишува обврзувачки услови за работа на инсталациите во построга мера од барањата што важеле во претходното законодавство на ЕУ.

Вредноста на проектот е еден милион евра со траење од 24 месеци, а започна со спроведување на први март 2023. Партнер во реализацијата беше Република Грција преку Центарот за интернационално и европско економско право.

Проектот беше составен од три компоненти, во рамките на кои се подготови примарно и секундарно законодавство во согласност со новата Директива, што подразбира изготвување на Закон за контрола на индустриски емисии и подзаконски акти што произлегуваат од него и зајакнување на капацитетите на централната и локалната администрација за правилна имплементација на новите законски одреби преку изработка на прирачници и упатства за практично спроведување на Директивата, преку одржување на обуки, работилници и семинари, како и преку анализирање, процена и изработка на пилот А и Б Дозволи.

(МИА)