Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Наша е одлуката да бидеме ко-спонзори на резолуцијата која САД ја поднесе во ОН за Украина

Македонија застана зад Соединетите Американски Држави, наспроти Франција и Германија во Обединетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија застана зад Соединетите Американски Држави, наспроти Франција и Германија во Обединетите Нации. Нашата држава, заедно со Унгарија, Израел и Грузија е директен ко-спонзор на резолуцијата што САД ја поднесува ООН по повод 3 годишнината од Руската агресија врз Украина. Слична резолуција поднесе Укрaина, која пак е директно подржана од Франција и Германија. Премиерот Мицкоски се надева дека резолуцијата спонзорирана од Македонија ќе го добие мнозинството во Обединетите нации.

Инаку, САД и Украина предложија различни резолуции за тригодишнината од војната во Украина кои денеска треба да бидат гласани во Генералното Собрание на Обединетите Нации. Американскиот текст нема толку силна реторика кон Русија и не ја посочува директно Москва за окупација, а се очекува за неа да гласаат и Словачка и Италија, како членки на Европската Унија, но земјите кандидати како Србија, Црна Гора и Турција. Останатите европски земји веројатно ќе застанат зад резолуцијата подржана од Германија и Франција.

Светските агенции јавија дека САД попусто вршеле притисок врз Украина да ја повлече својата резолуција во која се споменува дека Русија мора да ги повлече сите свои трупи од фронтот. Нацртот на САД, предложен на 21 февруари, жали за „трагичната загуба на животи во текот на руско-украинскиот конфликт“, повикува на брз крај и повикува на траен мир, но, не ја споменува територијата окупирана од Русија и не ја издвојува Москва како извор на конфликтот.

Реклама

Спротивно на тоа, нацрт-резолуцијата од Европската Унија и Украина се однесува на „целосна инвазија на Украина од страна на Руската Федерација„ и бара итно и безусловно повлекување на сите сили на Москва. Текстот ја обвинува Русија за окупацијата на „територијалниот интегритет„ на Киев и потсетува на потребата да се имплементираат сите претходни резолуции на собранието „усвоени како одговор на агресијата врз Украина“.

Разликата во текстовите ги одразува и проблематичните односи меѓу САД и Европа во последните 5 недели откако Трамп презеде дипломатска иницијатива и предложи преговори со Русија во кои Украина и ЕУ би биле исклучени. Првата американско-руска средба на дипломати во Ријад во Саудиска Арабија не вклучуваше украински и претставници од Европа.

Резолуциите кои ги гласаат 193 земји членки на собранието не се обврзувачки, но одекнуваат силно во светската јавност.

Давид Крстевски