Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Бизнис

Граѓаните оптимисти – Се надеваат дека владината мерка ќе ги заузда цените

Граѓаните со позитивна оценка за мерките на Владата, Организацијата на потрошувачи го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните со позитивна оценка за мерките на Владата, Организацијата на потрошувачи го поздравува потегот, трговците незадоволни. По Одлуката на Владата да се ограничат маржите и да се замрзнат цените на дел од производите граѓаните очекуваат цените конечно да паднат:
Од Организацијата на потрошувачи велат дека секоја мерка е во корист на граѓаните, но за крајниот ефект велат сепак треба да се почека. Од таму посочуваат и дека е неопходно да стартува примената на законот за нефер трговски практики, за да има долгорочно стабилизација на цените

Се надеваме дека овие мерки ќе донесе и намалување на цените во маркетите и продавниците односно тоа ќе може да го почуствуваат граѓаните бидејќи со мерките кои претходнобеа носени граѓаните се ѓалеја дека цените не се намалија / 2:28 Доколку не се преземе нешто и не се работи во тој дел на законот, може да ни се случи да има покачување цените по 30-ти април, велат од ОПМ
Трговците пак велат дека мерките на владата не ги заштитувале социјално загрозените граѓани, туку корист ќе имале потрошувачите со повисоки приходи бидејќи ќе се намалела цената на како што велат луксузните производи.
Од новоформираната комора бараат средба со Премиерот

…бараме итна средба со премиерот и министерот за економија и труд, за да ги разгледаме последиците од овие одлуки и да ги земе предвид аргументираните предлози на компаниите од трговската дејност. Овој наш став, од неофицијални извори, го делат или го поддржуваат сите компании што се занимаваат со трговска дејност, велат од Стопанска комора на трговци на големо и мало
Од Владата велат дека е добро што комората има став, но нивен приоритет е заштитата на животниот стандард .
…Наш прв приоритет и грижа е животнот стандард на граѓаните, затоа очекуваме од сите чинители поголема одговорност…. Сакаме да информираме дека постојат официјални канали за поднесување на барање со наведување на причините за итна средба, кое доколку го добиеме ќе го разгледаме и ќе ја информираме јавноста
, велат од Владата
Од СДСМ кои до пред 8 месеци беа на власт, бараат укинување на ДДВ-то за храна и намалување на ДДВ-то за струја. Токму во нивно време, поточно во јули 2023-та година ДДВ-то на струјата и покрај сите предупредувања и од регулаторот и од енергетичарите дека не е време за тоа. Владата на СДСМ и ДУИ го покачи од 10 на 18 отсто. Во време на СДСМ имаше и таканаречени луксузни производи за кои Владата стави повисок данок, но на листата се најдоја производи како сладоледот, чипсот, лутеницата иако требаше со повисок данок да се производи како перки од ајкули или кавијар. Подоцна листата се ревидираше

Дополнително, наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи. СДСМ има конкретни законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во македонското Собрание по итна постапка, вели Лукаревска.
Владата на седница пресече и одлучи 10 отсто бруто профитна маржа да има за 55 производи а 15 % на 39 прехранбени производи , а 8 групи покрај што ќе имаат маржа од 5 отсто да се со ограничени цени која ја имале на 1-ви февруари. Обврската е трговците да имаат и 70 отсто од производите на рафтовите. Оние што ќе ја прекршат мерката ќе се соочат со ригорозни казни до 20 илјади евра.

https://www.youtube.com/watch?v=DuzXI0v_plU