Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Првите 40 километри од автопатот Кичево – Охрид ќе бидат пуштени пред почетокот на летната сезона

Четириесет километри од автопатот Кичево-Охрид кој се гради цели 11 години,ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет километри од автопатот Кичево-Охрид кој се гради цели 11 години,ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летната сезона, проблемот со свлечиштата ќе се решава со помош на странски експерти.Се прават напори автопатот да биде готов што е можно најбрзо,за да не се зголеми и цената за целосна изградба на делницата,но факт е дека наследивме искучително лош проект, вели министерот за транспорт и врски Николоски откривајќи со што се’ се соочиле. Автопатот бил проектиран да минува низ објекти од витално значење кои не можат нити да се дислоцираат нити да се експропиираат.

 “Како е пректирано е проектирано, постојниот проект поминува низ градби од А категорија, поминува во заштитено подрачје на аеродромот, поминува преку бензиски пумпи, поминува преку болници и преку хотели, тоа се објекти кои не можете да ги експропиирате”-вели Александар Николоски-министер за транспорт и врски

Со законски измени за објектите на трасата, кои во вторник ќе се најдат на владина седница,ќе се олесни изградбата на оваа делница од Врбјани до Охрид. Предизвик за ресорниот министер е реализирање на автопатската делница Ќафасан –Требеништа како дел од коридорот 8, договор потпишан со конзорциумот Бехтел и Енка.Трасата поминува низ подрачје заштитено од Унеско.Ќе се обидеме вели Николоски,да направиме најдобар можен баланс помеѓу заштитата и развојот на инфраструктурата.

Реклама

 “Дали тоа ќе значи поместување на трасата северно, или ќе значи целосно нова траса, или ќе можеме да ја вклопиме во постојната траса,или ќе значи отсечка од Подмоље до Струга која што би одела како сврзница на постојниот автопат Охрид- Кичево, се работи кои ќе ги дискутираме.Но повторувам тука имаме уникатна состојба и само тука не би сакал да се врзувам за рокови и за постојни траси”-вели Николоски

-Јас ветив дека до крајот на идната година ќе имаме целосно функционален автопат од Кичево до Охрид,но тука се поставува прашањето на кој начин е најдобро да се поврзе и Струга затоа што од Подмоље има само 7 километри до градот.Во прашање е не само заштитата на Охридското езеро, туку и на целиот регион.Имаме стрикна забрана од Унеско да развиваме автопат и железница во заштитениот дел на Охридското езеро,додава Николоски.Тој кажа дека во месец март заедно со домашни и странски експерти ќе имаат средба во Париз на највисоко ниво каде ќе се бара решение за овој проблем,потенцирајќи дека  нема да одат спротивно на препораките на Унеско туку ќе се прилагодат на нивните барања.