Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Рамиз Мерко куршум не го бие: По трет пат се обидува да протурка контроверзен милионски проект за улично осветлување

Струшката локална власт на чело со Рамиз Мерко во финишот на мандатот,по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшката локална власт на чело со Рамиз Мерко во финишот на мандатот,по трет пат се обидува да протурка милионски проект за давање на уличното осветлување под концесија по пат на јавно приватно партнерство за период од 13 години. И покрај предупредувањата на опозицијата во советот дека се подготвува матна зделка со лажни податоци во физибилити студијата,советниците од СДСМ и ДУИ со гласовите во Советот му овозможија на Мерко, да го реализира овој вносен бизнис. Ја изгласаа однапред изготвената физибилити студија и сега општината комотно ќе распише тендер за избор на нов оператор кој ќе стопанисува со уличното осветлување,што за опозицијата е недозволиво. Се шпекулира дека новиот концесионер е фирма блиска до Размиз Мерко.

“Сомнежот е заради тоа што предвидени и проектирани се дупло поголеми трошоци што значи од старт граѓаните на општина Струга се оштетени со повисоки сметки кои што се плаќаат на име на комунални давачки за јавно осветлување. Сомнежот е дека најголем дел од стретствата кои што се наплаќаат на ова име завршуваат којзнае каде” –вели Никола Кукунеш советник од ВМРО ДПМНЕ

Опозициските советници укажуваат дека тотално се неточни податоците во физибилити студијата и во анализата на општината,според кои во изминатите 13 години биле потрошени над 860 милиони киловати електрична енергија,која не ја трошат нити металско прераборувачки гиганти а не улични светлики,а чини над 153 милиони евра.

Реклама

 “Фактот што се брза и без одлука на Совет за да се почна таква студија,се превзедоа чекори,фактот дека не се добиваат никакви претходни договори како тоа е склучено,како е реализирано,згора на тоа ако се додаде дека ситуацијата со осветлувањето во градот е ужасна,сигурно дека сомнежите се големи и се знае од каде се влечат конци за такво нешто.Околу фирмата не знаеме,немаме никакви информации конкретни,но се знае штом се протежира од страна на врвот на општината, јасни се приликите кој стои зад тоа”- вели Нијази Џумкар-Советник од Алијанса за Албанците

Според физибилити студијата новиот концесионер ќе има над 10 милиони евра заработка а како инвестиција ќе треба да вложи наводно околу 5 милиони евра и тоа само за да смена на светилки на постоечката инфраструктира. Според оваа математика една светилка чини 600 евра.Во Струга има 8.700 светилки но добар дел воопшто не се функционираат. Стружани се присетуваат и на реструкциите кои беа актуелни посебно лани кога градот тонеше во мрак, а тие сепак плаќаа за улично осветлување.