Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Уставниот суд треба да пресече дали Советот на обвинители си доделиле права и поволности вон законите

Уставниот суд утре треба да пресече дали членовите на Советот на јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд утре треба да пресече дали членовите на Советот на јавни обвинители си дале права и поволности кои не им следуваат по закон.

Нивната колешка Ленче Ристеска, која е подносител на иницијативата, спори дека членовите на Советот на јавни обвинители со Деловникот утврдиле дека додека им трае мандатот во Советот, тој им се смета исто како да ја вршат функцијата јавни обвинители, а за тоа нема законска основа.

„Подносителката наведува дека за времетраењето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавна-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавни-обвинителски стаж“, се наведува во иницијативата на Ристеска, пренесува Уставниот суд.

Реклама

Таму се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволности кои законодавецот не им го гарантирал.

„Од ова придобивка имаат самите членови, кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства“, се наведува во иницијативата на Ристеска.