Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Уставни измени со одложено дејство, промена на преговарачката рамка: Граѓаните ветер во грб за Мицкоски

Доста е од уцените од Бугарија, Македонија направи многу отстапки во минатото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доста е од уцените од Бугарија, Македонија направи многу отстапки во минатото и повторно е далеку од европското семејство поради непринципиелните услови од ЕУ и билатералните спорови кои го кочат целиот процес. Расположението кај граѓаните, од кои мнозинството се против уставни измени под постојните уцени, ветер во грб за политиките на власта која се обидува да обезбеди гаранции на евроинтегративниот процес и да избегне дополнителни блокади во иднина.

Дел од граѓаните сметаат дека може да се избориме за подобра преговарачка рамка, некои се изрично против внесување на Бугарите во уставот, други за одложено дејство. Кај нив останува и дилемата, зошто само ние сме постојано условувани, овој пат со Бугари во Устав, а Албанија нема таква обврска, кога кај нив бугарското малцинство е поголемо.

Дипломатската офанзива, напорите и активностите на владините претставници во европските престолнини се корисни. Експертите сметаат дека цврстите позиции кои ги претставуа Мицкоски на средбите со политичките елити во Европа, ја запрепастиле ЕУ која до сега била навикната на попустливост и понизност од страна на претходните владејачки гарнитури.

Реклама

ЕУ е цивилизациско достигнување, нормално е било која европска држава да прави се, за да стане дел од неа. Но се работи за политика на наше блокирање, Бугарија е последната алатка на туѓ сили. Не не признаваа, спогодби, раазни договори, понижувања, македонскиот народ е трпелив, издржува се. Преку 80% против уставни измени. Вакви уставни промени значат бришење на македонизмот. Бугарите успеаа да го подметнат тоа во преговарачката рамка.Тие дипломатски активности, напори на владата, за разговори со Бугарија, дипломатски иницијативи во Брисел и пошироко се извонредно корисни, но нема кој во Брисел или во Софија да ја промени политиката. Македонија мора да го бара излезот, да се повлеачт протоколите со Бугарија за Македонија да тргне напред. ЕУ уште долго нема да се шрии. Европа не е изненадена, запрепастена е досегашната политика беше предавничка, капитулантска, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Според последното истражување на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ mакедонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи уставните измени за продолжување со процесот. Останатите се доста поделени помеѓу: Статус кво, повлекување од процесот и промена на Преговарачката рамка.