Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Во 21 век европска земја негира јазик и идентитет на нејзин сосед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 21 век европска земја негира јазик и идентитет на нејзин сосед и тоа нема никаква врска со европските вредности. Премиерот Христијан Мицкоски од Минхен порача дека потребна е поголема поддршка од Брисел за македонските евроинтеграции кои се условени со вештачки проблем – проблемот кој го наметнува нашиот источен сосед. Наместо поддршка, Бугарија билатералните спорови ги носи во Европската унија, и поради тоа, имаме балканизација на Европа наместо европеизација на Балканот. Мицкоски на панел дискусијата во рамки на Минхенската безбедносна конференција порача дека Македонија има направено премногу отстапки и компромиси во минатото, и се уште е далеку од европското семејство.

Парламентот на една од најмладите земји-членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, го негира мојот мајчин јазик, Македонскиот јазик. Зборуваме за мали земји, срцето на Балканот со помалку од 2 милиони луѓе кои сакаат да бидат дел од европското семејство. И тие не се во можност да бидат дел од европското семејство затоа што некој, како што кажавте, малку поголем влезе на масата на ЕУ претходно, пред мојата земја – нашиот источен сосед. Сега се соочуваме со многу проблеми со нашиот источен сосед, со Бугарија, порача Мицкоски.

Мицкоски порача дека Македонија стана членка на НАТО со големо страдање и понижувања бидејќи го промени уставното име поради Грција, а сега повторно имаме услови и уцени од другиот сосед, Бугарија.

Реклама

Затоа вели тој, кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.

Овие ставови, Мицкоски ги изнесе на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција.

Мицкоски во Минхен се сретна со претседателот на Европскиот Совет, Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Кристоф Хојзген и хрватскиот колега Пленковиќ. Како што информираа од владината прес служба на сите средби ги истакнал заложбите за реформи и европеизација на Македонија, со цел побрзо да станеме членка на ЕУ.