Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Имиграциските политики на Трамп за проширување на масовните депортации и притворања

На неговиот прв ден на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На неговиот прв ден на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи илегалната имиграција како национална вонредна состојба. Тој вети дека ќе го спроведе клучното предизборно ветување и ќе депортира милиони имигранти без документи.

Адвокатите велат дека мигрантите во САД кои се соочуваат со депортација имаат право на соодветна постапка.

Реклама

„Ви се издава обвинение, со кое започнува постапка против вас и можете да поднесете барање за азил или на друг начин да го браните вашето право да бидете во САД. На крајот од тој процес на аплицирање за имиграциско олеснување, следи одење на суд за имиграција и посета на судија за имиграција. Ако не го добиете тој процес, тогаш ви се издава налог за депортација“. изјави Хана Флам

Флам вели дека депортацијата може да се случи брзо или, пак, може да потрае подолго време.

„Можно е некој да биде депортиран по месеци или години борба против нивниот случај. Исто така, можно е некој да биде депортиран по неколку часови или денови откакопобарал влез во САД или, пак, живеел тука многу години, а во рок од неколку часа или денови бил приведен според најновата политика на Трамп“.

Од 21 јануари, федералните власти уапсиле над 8.200 луѓе и побарале помош и од другите агенции за спроведување.

Администрацијата, исто така, ја прошири употребата на брза депортација, која им овозможува на службениците за имиграција да ги отстранат мигрантите без документи без судско сослушување.

„Мораме да направиме повеќе. Тоа е она што го гледаме сега. Бараме начини да создадеме поголема ефикасност за да направиме повеќе“, вели Том Хоман.

Администрацијата користи воена база во заливот Гвантанамо, Куба, за да приведе одредени мигранти без документи.

„Тоа ќе биде уште едно место каде што ќе имаме 30 илјади кревети за мигранти. Претседателот Трамп се обврза дека најлошите мигранти ќе одат во Гитмо“, тврди Хоман

Но, правните предизвици веќе започнаа. Федерален судија во Ново Мексико неодамна го блокираше трансферот на тројца венецуелски имигранти во Гвантанамо, додека застапниците ја тужеа администрацијата на Трамп за задржување на затворениците во Гвантанамо без да имаат пристап до адвокат или нивното семејство.

„Ова е прв пат во историјата на САД, американската влада да приведува луѓе на територијата на САД и да ги транспортира во Гвантанамо“. изјави Флам

Претставник на Одделот за домашна безбедност на САД изјави за Гласот на Америка дека заливот Гвантанамо моментално држи поединци кои имаат конечни наредби за депортација, вклучително и насилни криминалци.

И, додека правните предизвици се во тек, администрацијата продолжува да ги спроведува мерките за депортација.

Јованчо Наумоски