Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

70% од овошјето и зеленчукот се увезени, се најавуваат мерки за зголемување на производството

Секоја држава што не успева потребите за храна да ги задоволи од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја држава што не успева потребите за храна да ги задоволи од сопствено производство е економски ранлина.Иако Македонија е аграрна земја, со години дури 70 % од земојделските производи на нашата тепеза се увезуваат највеќе од Албанија, Турција, Грција и Србија што е поразително.Без задршка земјоделците отворено зборуваат за тоа како се доведовме во ситуација охридскиот домат,тетовското гравче,струмичките краставици и пиперките од пелагониско да ги замениме со увозен зеленчук кој ги преплавува македонските пазари, а се далеку од квалитетот на домашните производи.Лошите политики и очајните мерки кои ги превземаше државата изминативе години, го зедоа својот данок.Македонија сега мора да превземе радикални чекори во однос на окрупнување на земјоделските површини.

 “Една од мерките би била зголемување на данокот на необработливи површини бидејќи не само што не се обработливи, бидејќи сепак тоа се државни ресурси и економски мора да се искористат.Едноставно малку да ги примораат сопствениците или да ги дадат по соодветна цена под наем, или по соодветна цена да ги продадат.Или пак државата да ги услови секоја необработена површина да мора да се пријави и државата на некој начин да може тоа да го регулира,односно да ги дава без надоместок на земјоделците кои се заинтересирани да ги обработуваат тие површини”-вели Ванчо Стојаноски-земјоделец

Реклама

Министерот за земјоделство,Трипуновски вели дека изминатите 6 месеци се посветил да ја врати довербата на земјоделците преку исплата на сите заостанати субвенции.

 “Оваа година во делот на субвенционирањето се прават одредени бирократски олеснувања кои што ќе значат помалку губење време на земјоделците.Од друга страна се воспоставуваат некои правила на игра кои што ќе значат зголемено производство.Точно е, за битните стратешки земјоделски култури ќе има и зголемување на субвенцијата се со цел да ги стимулираме во овие тешки времиња повторно земјоделците да влезат во процесот”-вели Цветан Трипуновски-министер за земјоделство

Трипуновски најави и дека преку програмата за рурален развој ќе се интервенира младите земјоделци да се вратат на нивите,за нивното влегување во земјоделскиот секор ќе бидат и финансиски поддржани од државата.Ќе креираме политики вели Трипуновски и ќе го зголемуваме домашното земјоделско производство.

Росица Голабоска