Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Трипуновски: Утре почнува исплатата на субвенциите за лозарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска најави дека во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска најави дека во текот на утрешниот ден ќе почне исплатата на субвенциите за лозарите. По средбата со земјоделците во Битола, Трипуновски уште еднаш порача дека директната поддршка за производителите ќе се реализира според предвидената динамика.

„Наше ветување и обврска е субвенциите да се исплаќаат согласно календарот. Тоа значи, за сите лозари кои ги чекаат субвенциите, дека во текот на утрешниот ден ќе почне исплатата. Утре е и празник, Ден на лозарите. Обврската што ја преземавме ќе ја спроведуваме доследно“, истакна Трипуновски.

Министерот потсети и дека од вчера е објавен и новиот ИПАРД повик кој ќе трае до 29 март.

Реклама

„Од понеделник со Платежната и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе почнеме промоција на мерката. Ќе ја посетиме секоја рурална општина во рамки на инфо деновите и ќе ги презентираме потребните информации. За секој што нема да успее да присуствува ќе се обидеме на максимално располагање да бидат и нашите подрачните единици. Интенцијата е максимално искористување на расположливите над седум милиони евра“, потенцира министерот.