Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Бизнис

Расте интерсот за инвестирање-нарачките се проблем, но отпуштања нема да има

Се враќа довербата кај инвеститорите. Анкетата која ја истражува бизнис климата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се враќа довербата кај инвеститорите. Анкетата која ја истражува бизнис климата и инвестициските можности во Македонија покажува дека речиси половина од оние што веќе се присутни, велат дека не погрешиле што инвестирале во земјава,  односно ако треба повторно да носат одлука, таа би била идентична. Трендот е позитивен, а споредено со лани, е повисок за дури осум проценти.

48 проценти дадоја афирмативен одговор, минатата година таа бројка беше 40 проценти , не знаат 30 проценти од компаниите а 22 проценти велат дека не би инвестирале. Имаме зголемување од минатата година од 40 -48 проценти тоа е веќе реално зголемување, дали е доволно нема да коментирам , вели Виктор Мизо претседател на Советот на странски инвеститори.

Реклама

Добар дел од компаниите очекуваат годинава да имаат подобар бизнис. 42 отсто сметаат на раст на приходите. Нешто помал е процентот на оние кои не се толкави оптимисти, или конкретно 41%. Останатите сметаат дека ќе остане исто.

Слични се бројките и кога станува збор за работните места. 36 отсто очекуваат дека ќе има пораст, 45% намалување, а 19 отсто дека ќе остане исто како лани.

Позитивниот амбиент сепак не значи дека се надминати и старите проблеми и предизвици како што се квалификувана работна сила, борба со корупција, намалување на бирокрактски процедури особено за државната помош. Во 2024-та година за дури 51 отсто од компаниите проблемот бил во работната сила, што сметаат дека ќе биде и годинава. Предизвик ќе биде и намалената побарувачка поради кризата во автомобилската индустрија во Германија.

Најголеми ризици со бизнисот поврзани оваа година, квалификувана работна сила, намалувањето на порачките она што се случува на меѓународниот пазар , зголемувањето на цената на репроматеријалите и компонентите , додава Мизо.

45 проценти од компаниите бараат дополнителни услуги за поддршка на бизнисот кои ги имаат во другите земји како обезбеден јавен превоз за работниците до работа, детски градинки,  противпожарни бригади, системи за логистика, детски градинки, банки во близина и слично.  Советот на странски инвеститори порачува владата да размисли и за нов сет на мерки, слични на оние во Ковид кризата во насока на задржување на постоечката работна сила и почеста директна комуникација со компаниите.  Анкетата е спроведена на над 40 илјади луѓе во 50 компании кои имаат инвестирано над 4 милијарди евра во домашната економија.