Реклама
Македонија

Тошковски: Продолжуваме бескомпромисно против недозволената трговија со дрога

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски продолжува бескомпромисно против недозоволената трговија со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски продолжува бескомпромисно против недозоволената трговија со дрога! Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.

Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал.

Реклама

Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани, нотираше во објавата Тошковски.