Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сојузот на борците од НОБ од Тетово поднесоа иницијатива против одлуката за преименување на улиците

Сојузот на борците од НОБ од Тетово поднесе иницијатива за оценување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на борците од НОБ од Тетово поднесе иницијатива за оценување на уставност и законитост на одлуката на советот на Општина Тетово за промена на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни објекти во градот.

Од сојузот образложуваат дека одлуката на општината е спротивна на Уставот, како и спротивна на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, но и законот за употребата на македонскиот јазик.

„Очекуваме Уставниот суд одлуката да ја укине како неуставна и незаконита. Спорноста на одлуката произлегува од нејзината едностраност, односно истата е донесена без исполнување на законскиот услов – претходна согласност од Владата. Спорната одлука и покрај тоа се применува од страна на Општина Тетово и нејзините јавни претпријатија, иако државните органи не ја применуваат, поради што произлегува и потребата од постапка за нејзино укинување, велат од Сојузот на борците од НОБ.

Реклама

Оттаму посочуваат дека покрај немањето согласност од Владата оспорената одлука е спротивна на законот бидејќи за одредени улици утврдила име користејќи странски јазик, а истото е испишано на кирилско писмо. По најавата на Општина Тетово за преименување на нови улици, општинската организација на Сојуз на борците од Тетово испратија отворено писмо до тетовскиот градоначалник во кое бараа да нема преименување на градските улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ.