Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека елитата на СДСМ се богатеше, над пола милион граѓани донесоа на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден

СДСМ изгубени во времето и просторот. Тешката економска состојба и пустошот којшто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ изгубени во времето и просторот. Тешката економска состојба и пустошот којшто го оставија за седумгодишното владеење, не се средува за осум месеци, се наведува во реакцијата на соопштението на СДСМ.

„Но тоа што можеше да се поправи за толку кратко време веќе средено. Како на пример запрен е слободниот пад на економијата која што беше вртоглав како последица на лошите економски политики на СДСМ.

Откако се запре слободниот пад се премина на заживување на економијата, така што во третиот квартал се забележа раст на БДП од 3%, а исто таков раст или дури повисок се очекува и во четвртиот.

Реклама

Развојот на економијата и растот на БДП ќе продолжи и годинава а тоа го потврдува и Народна банка која предвидува раст од 3,3 отсто.

Благодарение на соодветните економски политики коишто Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги презема успеа да ја намачи и инфлацијата на ниво од 3.5%, која што во време на владеење на СДСМ беше двоцифрена.

Посветеноста и напорната работа на владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот Мицкоски веќе дава резултати и со самото преземање на одговорноста да ја води државата премина на реализирање на стратегиите осмислени за време на опозиција.

Како никогаш до сега минатата година ја завршивме со историски најмногу странски инвестиции кои се очекува да бидат околу милијарда евра кои ќе го зголемат бројот на вработени.

За само некој месец на чело на Владата, ВМРО-ДПМНЕ зголеми плати и пензии кои ќе продолжат да растат и во текот на годинава, па се до крај на четири годишниот мандат.

Активно се преземаа мерки за намалување на цените на прехранбените производи, така што, само за време на последната новогодишна мерка, се намалија цените на над 1000 производи. А, СДСМ се тие коишто ги зголемија цените зголемувајќи го ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%.

СДСМ исто така не треба да заборави на сиромаштијата која ја предизвика за време на нивното владеење, така што за време на нивното владеење над пола милион граѓани беа на прагот на сиромаштија кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден“, потенцираат во реакцијата.

Додека СДСМ на власт работеше за богатење на нивната елита, делејќи им тендери во четири очи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да овозможи подобар и одржлив животен стандард за сите граѓани преку раст и развој на економијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција на соопштение на СДСМ