Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Странци заинтересирани за депонијата Буково, ја гледаат како понтенцијален енергетски извор

Странци заинтересирани да инвестираат во депонијата Буково,ја гледаат како потенцијален извор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странци заинтересирани да инвестираат во депонијата Буково,ја гледаат како потенцијален извор на енергија.На локацијата каде половина век се одлага неселективен отпад,се депонира и органски отпад,кој кога гори ослободува големо количество на метан. Отпадот кој ги труе жителите на охридско-преспанскиот регион,може да биде корисен,бидејќи овој природен гас е енергенс на иднината,вели директорот на јавното претпријатие “Комуналец ” кој ги пренесува искуствата кои го стекнал при работна посета на една општина во Шведска.

Имаат формирано јавно претпријатие за производство на природен гас односно изградена е биогасна станица каде што цел органски отпад од цела општина и регион во Шветска се носи во таа биогасна станица.И служи за производство на природен гас кој што потоа граѓаните го употребуваат дали како гориво за возила или за затоплување.Што значи и се заштитува животната средина а истовремено и се штеди”-вели Сашо Најдески-директор на Ј.П.” Kомуналец”-Охрид

Сите органски материи кои потекнуваат од косење трева, сечење гранки, отпадоците од фармите, растителна отпадна биомаса од земјоделското производство, можат да се користат како суровина за производство на биогас,појаснува Најдески.Според првичните проценки изградбата на биогасна станица по сите светски стандарди чини околу 30 милиони евра.Но за вака вносен бизнис странците не жалат пари велат и од здружението на граѓани “Збогум Буково”.

Реклама

 Ни пристапуваат луѓе заинтересирани за овој проблем,кои што сакаат таму да инвестираат.И нивната иницијатива е во однос на изградба на постројка за добивање на електрична енергија. Од тој биогас што ќе се ослободува сигурно сте запознати дека таму се ослободува големо количесто на метан тој е многу по отровен од јаглерод диоксидот, а таа енергија што се ослободува може да се искористи како што прават другите држави –вели Ѓорѓи Љатко-здружение на граѓани Збогум Буково

Македонија ги исполнува сите предуслови да фати чекор со многу земји во кои се градат сè повеќе постројки кои користат биомаса за производство на биогас кој може да се користи за производство на електрична енергија за индивидуалните домаќинства, стопанските субјекти, а особено претпријатијата за гасификација на градовите.

Росица Голабоска