Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

Одземени мобилни и обемна документација, МВР за претресите во своите редови

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со соопштение за вчерашната акција која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со соопштение за вчерашната акција која ја спроведуваа во сопствените редови.

Од МВР велат дека извршени биле претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка.

„Полициски службеници од Одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал, за крим-полиција и за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, вчера по насоки на надлежен Јавен обвинител а во врска со предистражни дејствија поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка. Активностите беа превземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка а за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството“, се вели во соопштението.

Реклама

При претресите одземени се мобилни телефони и обемна документација што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така беа извршени и службени разговори со повеќе лица.