Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Дурмиши: Ревизорите најдоа низа прекершоци направени од претходното раководство на министерството за економија

Неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на управните и законските процедури утврдила ревизијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на управните и законските процедури утврдила ревизијата во Министерството за економија.

По управна постапка откриено е дека Буџетот е оштетен за приближно 2 милиони евра како резултат на непрезамење мерки од страна на комисиите од министерството од 2019 – 2023 година.

За време на минестерувањето на Крешник Бектеши во 2021 година бил набавен софтвер кој никогаш не бил пуштен во употреба и нема никакво објаснување зошто. Склучувани биле договори за јавни набавки за градежни работи кои не се завршени. Ваквото однесување од министерството довело до тоа државата да го загуби инвеститорот

Реклама

 Во 2021 година е извршена набавка на Софтвер за управување со апликации од физички и правни лица за потребите на министерството во вредност од 2 милиони 490 илјади денари, но истиот не е во функција и нема објаснување или извештај зошто овој Софтвер не е пуштен во употреба./ И во 2022 година е склучен договор за јавна набавка за градежни работи поврзани со изградба на инфраструктурна линија и огради на парцелите на локацијата Манастирец во Македонкси Брод и на локацијата Амзабегови Свети Николе во вредност од 25 милиони денари (400 илјади евра). Од страна на  Ревизијата се констатира дека има  неколку пропусти, кои се сомнителни, поврзани со тоа што иако бил склучен договор со избраната фирма -изведувач , овие работи воопшто не биле завршени, а тоа е изградбата на фотоволтаичен центар, рече Министерот Дурмиши.

Неправилности биле откриени и во ангажирање на договорци, и тоа во делот на нивното доаѓање на работа, кои биле нивните обврски и дали воопшто биле стручни. Имало и злоупотреби со службените возила .

Неправилности има и во ангажирањето на лицата со договор на дело, како во однос на присуство на работа, така и во недостиг на докази, должности и обврски на работата и нивна соодветна професионална подготовка. Ревизијата констатирала и прекршоци во користењето на службените возила, како  непополнување на соодветна законска документација, вклучително и снабдување со гориво на овие возила, рече Дурмиши.

Министерот за економија ги повика истражните органи да постапат и да го преиспитаат извештајот од ревизијата. Рече дека сите кои постапиле спротивно на закон ќе сносат одговорност.