Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Градската Општа болница „8 Септември“ во Скопје ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес

Трансформација и реорганизација во регионален болнички центар на градската општа болница 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трансформација и реорганизација во регионален болнички центар на градската општа болница 8 септември, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски. Ваквите чекори се преземаат по спроведени студии кои покажале дека на овој начин ќе се унапредат здравствените услуги за што ќе бидат отворени нови специјалистички блокови, вклучително и онколошки.

,,Ако ги извадиме основните буџети од основните буџети сликата изгледа поинаку. Најголем буџет има ГОБ 8 Септември, и тоа е една подготовка за идната улога на 8 септември која треба да стане регионална болница за Скопје, Куманово и Велес. Ова лекување води кон значајно подобрување на состојбата на пациентите, и ова води кон значајно подобрување на услугите на пациентите,, изјави Клековски.

Рекорден буџет од 53,4 милијарди денари за 2025 година во јавните здравствени установи најави Клековски, што е за 100 милиони евра  поголем од минатата година. Како што е познато околу 3 милијарди денари добива Онкологија, а околу две милијарди- добива  детската клиника, но и останатите јавни здраствени установи во главниот град и внатрешноста. Се прават и измени во протоклите за лекување на децата со цистична фиброза и редовна набавка на лекот трикафта.

Реклама

,,Во 2025 имаме почетен буџет од 53,4 милијарди денари што е зголемување од 7 милијарди во одност на 2024 година, почетниот буџет. Ваквото зголемување на финаисиите овозможува да направиме исчекор во подобрување на здраствената заштита. Најголеми буџети имаат очекувано Онкологија, детски болести, хематологија, ревматологија, кардиологија и други.

Од ФЗО потврдија дека работат и на унапредување на хирушките услуги како што е  трансплатација на црн дроб од жив донор, но и проширување на лекови кои влегуваат на позитивната листа кои пациентите ќе можат да ги земат со рецепта на товар фондот.