Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Од Бугарија доаѓаат сигнали за дијалог: Муртезани апелира Брисел да повлече потег

Пораки дека официјална Софија е подготвена за дијалог со земјава добил министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пораки дека официјална Софија е подготвена за дијалог со земјава добил министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани, во Брисел, од бугарски претставник, откако деновиве новиот бугарски шеф на дипломатијата, Георг Георгиев, се пожалил дека немало заедничко чествување на македонскиот револуционер Гоце Делчев, бидејќи не добиле покана во Софија.

Муртезани вели дека претставникот на Бугарија во работната група за проширување на ЕУ лично му пренел дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување дијалог.

На средбите со ЕУ-претставниците, министерот апелирал дека е потребен потег од Брисел за да ги почнеме преговорите, имајќи предвид дека нашиот случај се соочува со долгогодишни билатерални спорови.

Реклама

„Мислам дека се создава добра средина, која мора да ја искористиме не само за да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедски односи, туку и простор што ќе не води кон заедничко прифатливо решение, кое, конечно, ќе не внесе во ЕУ. За да продолжиме успешно напред, мора од Брисел да има ехо, кое ќе не увери дека понатамошни ирационални билатерални прашања нема да ни го блокираат процесот на водење на преговорите“, изјави за МИА Муртезани во Брисел.

Утре, од Брисел Муртезани патува за Атина, на средба со претставници на грчките власти, што е прва посета на Грција на член на новата македонска влада.