Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Се најавува бојкот и на угостителите, граѓаните бараат пониски цени и подобар квалитет на услугата

Не само маркетите, да се бојкотираат и угостителските објекти – незадолството од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не само маркетите, да се бојкотираат и угостителските објекти – незадолството од високите цени но и лошиот квалитет на услугата, ги осоколи граѓаните кои на социјалните мрежи заговараат народот да олабави со ручеци и вечери во ресторанти. Идејата е прифатлива за дел од економистите, доколку успеавме велат со бојкотирањето на суперматкетите да го намалиме приходот за 47% во рок од еден ден, истото би се случило и со угостителите. Ќе ги доведеме до позиција да размислат што прават со цените кои се високи посебно во Охрид и Скопје.

„Инфлацијата се намали на 4% пак е голема што значи дека цените се зголемуваат, но не како што беше во 2022-ра кога беше 19% и повеќе во реална смисла. Тоа е нивното оправдување, меѓутоа мојот став на нивното оправдување е зошто не направите притисок врз вашите добавувачи, зошто не направите притисок врз дистрибутивните мрежи кои што ги диктираат според вас цените. Не може  да очекувате само ние да плаќаме, а вие да не се трудите и да ги зголемувате проходите до недоглед“, вели Константин Здравески, економист

Охриѓани ги прашавме колку често можат да си дозволат ручек во ресторант и кога последен пат гонаправиле тоа?

Реклама

„Многу малку. Кога последен пат сте биле семејно во ресторант? Имам заборавено; -Можеш, ама тешко е тоа и кафето го направија 120 денари. Значи едно кафе луксуз стана? Луксуз богами; -Треба да си учен да одиш по кафеани; -Треба законски прописи, треба владата како да ги формира цените и да вршат големи контроли каде и колку чини; -Јас еве како студент некогаш не можам да си дозволам некои работи, има и периоди кога не сум вработен па да мислам дека треба да се снижат малку цените“

Инакувечна е дилемата дали Охрид е ценовна туристичка стапица за гостите. Мислењата се поделени, дел од туристите велат дека хотелско-угостителските услуги не се превисоки само плиткиот џеб на македонските граѓани, цените празнично јануарски ги вџашија дури и печалбарите. Од еснафот на угостители пак цврсто стојат на ставот дека Охрид е поефтин не само од опкружувањето туку и од многу дестинации во државава кои воопшто не се атрактивни.