Реклама
Прилози

Луѓето со хронична бубрежна болест бараат законски измени за земање и пресадување на органи од човековото тело

Млад живот заробен на машина, наместо да ја планира својата иднина, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Млад живот заробен на машина, наместо да ја планира својата иднина, да го осознава светот, да открива нови видици, мојот син на 23 години деновите ги минува на релација од дома до болница-тешко и болно е да се слуша исповедта на охриѓанката Гордана Лолеска, чиј син страда од бубрежна инсуфициенција. За сега два пати неделно вели оди Центаро за дијализа во Струга, од дома тргнува околу пладне а се враќа истоштен доцна попладнето, после 6 часа поминати на апарат за хемодијализа. 

„Не е тоа живот, одење на дијализа само го продолжува животот на пациентот, меѓутоа е многу страдање за самиот пациент и менување на многу животни навики. Некогаш како родители не боли кога ќе кажат мојот син тоа ми го кажа, мамо толку од моето летување, јас завршив со летување. Зошто сине? Па мамо како ќе одам јас на летување кога сум три пати на дијализа”, вели охриѓанката Гордана Лолеска

Не сакам ни да помислам што ќе се случи ако негово здравје се влоши, ако бубрезите целосно ја изгубат функцијата. И ова не е само мое страдание туку и на приближно 200 пациенти кои чекаат трансплантација на бубрег, оти тоа им е единствен спас. Бројот на пацинти кои имаат потреба од дијализа е во пораст, најмладиот пациент има само 4 години.

Реклама

„Ние во 2023-та имавме од прилика околу 16.000 хемодијализи изведени, не зборувам за пациенти, зборувам за број на хемодијализи. А сакам да ви кажам и една бројка, од основањето на болницата до сега се изведени во нашата институција преку милион хемодијализи тоа е една импозантна бројка”, вели Јетмир Зиба, директор на Специјална болница за нефрологија – Струга

Во услови кога трансплантација на бубрег од починат донор се врши еднаш на 6 месеци, за што последниот збор го има семејството, родителите молат да се измени законот за земање и пресадување на органи од човековото тело, според кој донори на бубрег можат да бидат само роднини. Бројката на луѓе на кои им треба трансплантација е многу повисока од официјалните бројки но, не се на листата затоа што испитувањата кои мора да ги направат се многу скапи, парите мора да ги дадат од свој џеб, а најчесто, мораат и да ги повторуваат за една или две години. Инаку во државава се проценува дека хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 отсто од населението, додека во краен стадиум на болеста на лекување со дијализа се 1.540 лица.