Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Анкета „Омнибус“: Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро ги штити македонските национални интереси

Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро ги штити македонските национални интереси, но и поуспешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро ги штити македонските национални интереси, но и поуспешно се справува со корупцијата отколку нивните претходници- покажува најновата анкета на платформата „ОМНИБУС“.

Според истражувањето, 46% од испитаниците се изјасниле дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е поуспешна во борбата против корупцијата. За СДСМ се изјасниле само 29% од прашаните граѓани.

На прашањето „Којa Влада подобро ги штити националните интереси?“, високи 57% мислат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу подобро ги штити македонските национални интереси, додека само 21% од испитаниците одговориле дека СДСМ добро ги штитела интересите.

Реклама

Во телефонската анкета има и прашање за евро интеграциите на Македонија. Дали би го поддржале влезот на земјава во ЕУ ако условот е промена на јазикот и историјата на Македонците преку прифаќање на барањата на Бугарија?

Граѓаните не поддржуваат членство во ЕУ ако тоа значи прифаќање на барањата на Бугарија.

На прашањето за поддршка за влез во ЕУ со услови од Бугарија како што се промена на јазик и историја, 64% од испитаниците рекле дека се против, а само 22% поддржуваат.

Во однос на животниот стандарт, граѓаните на Македонија се оптимисти дека во следните пет години ќе се подобри живеачката, 43% од граѓаните мислат дека ќе има подобар живот, 32% одговориле дека ќе остане исто, а 25% сметаат дека истиот ќе се влоши.

И во справувањето со економските проблеми, ВМРО ДПМЕ ја има поголемата доверба кај граѓаните.Според нив акутелната Влада изнаоѓа подобри и поефикасни мерки за економска стабилност.

Дека владата на ВМРО ДПМНЕ одлично се носи со економските проблеми сметаат 52% од испитаниците, за Владата на СДСМ се изјасниле 24%, а исто толку граѓани мислат дека ниту една од двете влади нема успех во справувањето со проблемите во економиата.