Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Перински во Гостивар: Со изменет закон до поодговорни градоначалници и посреќни граѓани

Во Гостивар денеска се одржа третиот консултативен настан за измените и дополнувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гостивар денеска се одржа третиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.

Настанот е дел од циклусот активности насочени кон зголемена транспарентност и отчетност на локалните единици, унапредување на учеството на граѓаните во креирањето на локалните политики, воведување на комунални редарски служби и развој на недоволно развиени подрачја.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека целта на измените на законската рамка е да се зголемат демократските капацитети на локалните самоуправи и на граѓаните, што е во интерес на сите и оцени дека јавните дебати се исклучително битни со оглед на тоа дека можност за предлози и сугестии имаат сите засегнати страни, почнувајќи од градоначалниците, па сѐ до граѓанскиот сектор, односно граѓаните.

Реклама

„Во моментот сме сведоци, за среќа на мал број градоначалници, кои се однесуваат девијатно и ја злоупотребуваат довербата добиена од граѓаните. Сметам дека сме на добар пат за креирање на многу квалитетно и издржано законско решение, кое во периодот што следи ќе одговори на потребите и на локалните самоуправи и на граѓаните“, истакна Перински, кој посочи дека законските реформи ќе бидат усогласени со позитивните европски практики применливи кај нас.

Професорот Мемет Мемети, кој е дел од експертската група, оцени дека преку јавните дебати ќе се подготви законско решение кое ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе придонесе кон посилни и поавтономни општини.

Професорот Александар Спасеновски, истакна дека Македонија веќе има воспоставен и функционален систем на локална самоуправа, но сепак, неопходна е негова постојана еволуција и приспособување кон новите предизвици и потреби.

„Затоа, преку еден широк и консултативен процес, во кој се вклучени сите релевантни актери – научната заедница, локалните власти и граѓанскиот сектор – се стремиме да изнајдеме решенија кои ќе го надградат постојниот систем и ќе го направат уште поефикасен, потранспарентен и подобро прилагоден на современите потреби на општините и граѓаните“, изјави Спасеновски.

Домаќинот на настанот, в.д градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, ја поздрави иницијативата за отворање на Законот и изрази поддршка за планираниот механизам за отповик на градоначалниците.

Консултативната средба беше организирана од Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од УНДП.