Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Хелсиншки комитет: Непостапувањето на институциите и неказнивоста на криминалците ја плаќаме со уште една трагедија

За сообраќајната несреќа во која завчера на бул. „Партизански одреди“ загина 22-годишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За сообраќајната несреќа во која завчера на бул. „Партизански одреди“ загина 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино со допис до медиумите реагира канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој укажува дека до трагедијата довел „феноменот на неказнивост, деценски присутен во нашето општество“.

„Судејќи според информацијата објавена од страна на Обвинителството, станува збор за сторител на повеќе тешки кривични дела од кои едното, исто така е сообраќајна незгода во која едно лице било повредено, а тој и понатаму продолжил да учествува во сообраќајот без да поседува возачка дозвола.Ваквото провлекување во правниот систем несмонено укажува на пропуст на институциите да превземат соодветни мерки за да се спречи понатамошното вршење кривични дела во сообраќајот. Се уште не се познати сите правни моменти во случајот и причините поради коишто му се овозможило на сторителот, на ваков начин, да го изигрува правниот систем, но тоа е прашање на коешто ќе треба да одговорат органите на прогонот и другите надлежни институции“, наведува Хелсиншки комитет.

Комитетот посочува дека граѓаните „повторно се наоѓаат во состојба на правна несигурност, страв и уште повеќе зголемена недоверба во инстуциите и правосудниот систем“.

Реклама

„Трагедии од ваков вид треба да делуваат мотивирачки на институциите конечно да преземат неодложни мерки за спречување на влијанијата на корупцијата коишто, патем речено, се главните причини за постоење на неказнивоста во нашиот правен систем. Државата пред се и над се треба да презема мерки граѓаните да живеат во општество во коешто институциите треба да им ја овозможат правдата сигурноста и благосостојбата. Жртвите како младата Фросина се темна дамка и потсетник за тоа дека се додека постојат вакви случаи, државата не успеала да им го обезбеди на граѓаните она што им го гарантира со Уставот и законите на Република Македонија“, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Комитетот информира дека во наредниот период ќе собира информации од надлежните институции и „во зависност од констатираната фактичка состојба ќе предложи свои препораки до надлежните органи“.