Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Бизнис

Инспекторите на терен, се проверува документацијата во маркетите шест месеци наназад

Пазарна влезе во маркетите, се чешла документацијата во изминатите 5-6 месеци за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пазарна влезе во маркетите, се чешла документацијата во изминатите 5-6 месеци за да се види како се однесувале трговците. Од Пазарниот инспекторат информираат дека инспекторите во моментов прибираат документација за да се направи анализа како се движела бруто профитната маржа, но овој пат одлучиле да се анализира подолг временски период наназад по што ќе се постапи:

Од вчера стартувавме буквално по сите маркети, производители и дистрибутери за да ја видиме бруто профитната маржа. Ќе се прави анализа на изминатите пет – шест месеци, по што треба да го известиме Министерството за економија. Инспекторите веќе се во најголем дел од маркетите , брифира во телефонски разговор за Алфа директорот на државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

Освен приходите, инспекторите ја проверуваат и примената на законот за нефер трговски практики, односно новите договори помеѓу купувачите и добавувачите за земјоделски и прехранбени производи. Законот кој  треба да стави ред во трговијата е под надлежност на Комисијата за заштита на конкуренција .

Реклама

Комисијата за заштита на конкуренцијата ги проверува Договорите за снабдување на земјоделски и прехрамбени производи склучени помеѓу добавувачите (производители и увозници) и купувачите (трговците) со цел да утврди дали истите се согласно со Законот за нефер трговски практики. Во оваа фаза се врши анализа на истите, велат од КЗК.

Инспекциите вонредно се во акција откако Владата најави борба против злоупотребите кои ги прават дел од трговците, што го поттикна и револтот на граѓаните кои се мобилизираат за бојкот поради превисоките цени.

За експертите бојкотот е силен аларм од граѓаните пред се кон бизнис секторот, но мора  паралелно и институционално решение

Тоа е еден тип на аларм. Тоа е еден тип на порака која сакаат да ја пратат потрошувачите, и тоа не само кон трговците, сакаат да ја пратат и кон Владата . Апелот е дека паралелно со бојкотот, бидејќи гледаме граѓаните реагираат, трговците почнаа да бараат оправдувања институциите да делувааат паралелно со нив, контролите се еден начин меѓутоа треба системска промена ….да се казнат злоупотребите, вели во изјава за медиумите универзитетскиот професор Борче Треновски.

Од Владата порачаа дека револтот е разбирлив и дека нема да се толерираат какви било злоупотреби врз грбот на граѓаните. Премиерот Мицкоски побара од пазарниот инспекторат, комисијата за заштита на конкуренција и од министерството за економија побара да направат вонредни контроли на терен , а доколку анализите покажат да има ригорозни казни.

Инаку, според податоците, седумте најголеми синџири на маркети во Македонија во 2023 година оствариле приход од 930 милиони евра.