Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Додека СДСМ ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите за живот

СДСМ секојдневно потврдува дека како партија не може да се снајде во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ секојдневно потврдува дека како партија не може да се снајде во ниту една улога, ниту како власт, ниту како опозиција. Редовно од Бихаќка лиферуваат соопштенија со кои ги покажуваат единствено своите деструктивни политики, со кои сакаат да ги нападнат позитивните проекти на власта предводе на од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат во соопштението.

„Навистина е нејасно зошто од оваа партија имаат постојан порив да напаѓаат се што е добро и во корист на нашите граѓани. Прашуваме, зошто СДСМ не се сврти кон себе и кон она што како владејачка партија го направи, поточно не го направи за Република Македонија во годините кога ја водеше државата?

Зарем се толку очајни, па нивната единствена можност да излезат во медиумите и порталите е само со оцрнување на работата на сегашната власт.

Реклама

Оттука, остро го осудуваме нивното соопштение до јавноста за претходниот и сегашниот градоначалник на Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Дејан Митески, притоа злоупотребувајќи ги нашите најмили, децата, за освојување ситни партиски поени.

Само за потсетување, додека тие со најмизерни зборови ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите во кои растат и се развиваат дечињата.

Меѓу другото, семејствата со новороденче добиваат по 8 000 денари еднократна парична помош, за секое прваче се извојуваат по 3 500 денари, а на сите четвртоодделенци им се доделуваат таблети за полесно совладување на материјата и технологијата.

За првпат по долги години во Општина Аеродром истовремено се градат детска градинка и основно училиште, што се два капитални проекти, а се работи и на проекти за изградба на нови градинки.

Општина Аеродром е една од ретките општини во Република Македонија со зголемен прираст на деца, а првите луѓе на општината посветено работат на унапредување на условите за нашите млади генерации“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа, упатуваме апел до СДСМ да престане со празните напади со кои не може да наштети на позитивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, туку единствено го урива само својот, и онака веќе урнисан имиџ без ронка конструктивност. Секоја демократска држава подеднакво заслужува како добра власт, така и добра опозиција, нотираат од ВМРО-ДПМНЕ.