Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Лажните лекари од Вевчани и Гевгелија се уште на слобода

Наместо зад решетки,ужива на слобода 35годишниот лажен лекар Иван Коруноски на кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо зад решетки,ужива на слобода 35годишниот лажен лекар Иван Коруноски на кој вевчанци 6 години му го доверуваа сопственото здравје за тој да си игра лекар со лажна диплома. Иако охридскиот основен суд уште во септември лани го осуди на затворска казна од две години и десет месеци, Коруноски кој одговара за надрилекарство и измама, никако да заврши во затворска келија.Пред 4 месеци тој ја обжали одлуката на охридскиот суд пред битолска апелација,но одоговор на жалбата сеуште нема. Се обидовме да дознаеме што се случува,но никој не одговара во Апелационот битолски суд, испративме и прашања по електронски пат.Не интересираше зошто се одолговлекува случајот и дали апелација ќе ја потврдат веќе изречената пресуда,ќе ја преиначи или ќе ја врати на повторно судење.

”Ова е недопустливо нешто, ваква хаотичност,ваква незаконитост не смее да се допушти. Ако сме нормална држава треба ригорозно казнени мерки и да се види дали имаме и други вакви случаеви,тоа треба да се испита од страна на Здравствениот и санитарен инспекторат”-вели Ѓорѓи Илиевски-просветен инспектор

Според обвинението,тој го фалсификувалуверението за положени испити на факултет за медицински науки во Штип,изготвил и лажна лиценца од Лекарската комора и се вработил во вевчанскиот Здравствен дом.И ова не е единствениот случај, докторката од Гевгелија која 7 години лекувала пациенти во тамошната општа болница без завршен медицински факултет ќе одговара за кривични дело фалсификување исправа.

Реклама

”Обвинетата изготвила лажни јавни исправи – Уверение за дипломирање наводно издадено од Медицинскиот факултет при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј” во Скопје и Уверение за положен стручен испит наводно издадено од Лекарска комора на  Македонија, а потоа на 22.09.2016 година ги употребила лажните документи како вистински, доставувајќи ги во прилог на пријавата на објавениот оглас за вработување на здравствени работници на неопределено време со завршено високо образование – доктори на медицина, објавен од страна на ЈЗУ Општа болница Гевгелија” велат од ОЈО

Истите лажни јавни исправи таа ги употребила за запишување на специјализација по анестезиологија на Факултетот за медицински науки во Штип.Подоцна Лекарската комора утврдила дека обвинетата специјализацијата ја започнала врз основа на лажни документи и веднаш и бил поништен специјалистички стаж и испит, а барањето за издавање на лиценца за работа и било одбиено како неосновано.