Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мојсовски и Каевски на суд – процесот за злоупотреба на спортските ваучери од почеток

Во Основниот кривичен суд во Скопје повторно започна судењето за злоупотреба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот кривичен суд во Скопје повторно започна судењето за злоупотреба на спортски ваучери, во кое се обвинети дванаесетмина, вклучувајќи ги поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Сите обвинети на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Процесот продолжува со нов судечки совет, откако претходната судијка беше избрана за членка на Судскиот совет.

Одбраната денеска побара прекин на постапката, повикувајќи се на измените во Законот за спорт, со кои, според адвокатите, престанува правниот основ за обвиненијата.

Реклама

„Судот треба да ја прекине постапката или обвинителството да го повлече обвинението. Измените на Законот за спорт, донесени во август 2024 година, го укинуваат членот што претставува основа за обвинението,“ изјави адвокатот Петре Шилегов, бранител на Дарко Каевски.

Обвинителката Лидија Раичевиќ, пак, ја отфрли оваа иницијатива, нагласувајќи дека „тежиштето на кривичното дело лежи во дејствијата кои биле извршени, а законските измени не значат декриминализација на истите“. Таа предложи доказната постапка да продолжи, освен во делот на новите докази.