Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Тошковски: За побезбедна Македонија, донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција

Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на опрема за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на опрема за борба со нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со и нелегална трговија со мало и лесно оружје. Опремата ќе се користи во одделите за гранична полиција ширум државата и криминалистичката полиција.

Опремата е донирана во рамките на проектот „Поддршка за зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје во Западен Балкан“ од страна на УНДП и Европската Унија а реализирана преку Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје на Југоисточна и Источна Европа (СЕЕСАК).

„Предметната донација која е поддржана од ЕУ и УНДП а реализирана преку СЕЕСАК во значителна мера ќе ја зголеми нашата ефикасност во справувањето со заканите од малото и лесно оружје, пред се на организациските единици за кои оваа опрема е наменета, односно Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за гранични работи и миграции, но и на министерството во целина. Опремата која денеска ја добиваме не е само предмети, компјутери, дронови и останати технолошки помагала, туку истата претставува и поттик за нас како институција континуирано и на дневна база да развиваме стратегија и вложуваме напори во спречувањето на злоупотребата на мало и лесно оружје. Овој проект претставува уште едно признание за успешната соработка која ја имаме со нашите меѓународни партнери од СЕЕСАК, УНДП и Делегацијата на Европската Унија. “, потенцираше министерот Тошковски на денешниот настан.

Реклама

Тошковски истакна дека вкупната вредност на оваа опрема која изнесува 662.532,10 американски долари е навистина за почит и поттик за максимално вложување на Министерството за внатрешни работи во продолжување на успешната соработка како со нашите меѓународни партнери во борбата против сите видови на криминал.

„Сите ние треба да работиме заедно за да ги зачуваме нашите земји и нашите граѓани побезбедни. Оваа донација сè уште е уште еден чекор во долгорочното партнерство и соработка меѓу ЕУ и МВР. Соодветната технолошка опрема е многу важна за ефикасноста на полицијата, како и усогласувањето на националното законодавство со меѓународните стандарди. Задоволни сме од политичката определба прикажана од владата на Македонија со одобрувањето на вториот Патоказ за одржливо решение за борбата против трговијата со оружје на Западен Балкан. ЕУ ќе продолжи да обезбеди поддршка во сите потребни аспекти“, истакна Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Делегацијата на ЕУ.

Постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан ги истакна пошироките цели на иницијативата: „Оваа донацијата е дел од нашата поширока иницијатива за поддршка на Македонија во постигнување одржливи решенија за мир и безбедност. УНДП останува решен да даде поддршка во спроведувањето на активностите со цел зајакнување на способностите на властите на Македонија за извршување и на превентивните и репресивни дејствија неопходни за успешно идентификување и спречување на злоупотреба и трговија со огнено оружје, муниција и експлозиви од и преку Македонија“.