Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Македонија

Свечена Светосавска академија вечерва во МНТ

Српскиот патријарх – Порфириј, ќе присуствува на свеченоста по повод Свети Сава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српскиот патријарх – Порфириј, ќе присуствува на свеченоста по повод Свети Сава, националниот празник на Српската заедница во Македонија, која ќе се одбележи вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје. На Светосавската академија, Српскиот патријарх ќе пристигне заедно со архиепископот – Стефан.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на Српската заедница:

„Упатувам сречни честитки за празникот Свети Сава ‒ националниот ден на Србите во Македонија. Најискрено посакувам – големиот празник да го поминете во хармонија и радост, исполнети со љубов и среќа. Свети Сава несомнено е една од најзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и, како такво, е почитувано од сиот православен словенски свет. Српската заедница во Македонија, како и Македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави“, вели претседателката Сиљановска-Давкова во честитката по повод празникот Свети Сава.