Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски, градоначалникот на Чаир Ганиу и градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш на работна средба во Шуто Оризари

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес заедно со градоначалникот на Општина Чаир,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, беше во посета на Шуто Оризари. Низ средби со граѓаните ги евидентираа нивните проблеми со кои се соочуваат во своето секојдневие. Се сретнаа и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, како и со претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина Ерџан Демир. Заеднички дискутираа за заедничките потреби на жителите на Чаир и Шуто Оризари, како и за подготовката на проекитите за претстојниот втор повик од Владата за обезбедување на средства за инфраструктурни проекти.

-Денес, заедно со колегата градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, бевме во посета на Шуто Оризари. Бевме да ги слушнеме проблемите на граѓаните, се сретнавме со нив и разговаравме за она што им е најпотребно. Остваривме средба и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, како и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина Ерџан Демир, при што ни беше презентирано и неговото работење и проекти кои се преземени во неговиот мандат до сега. Како Претседател на ЗЕЛС бев запознаен со проблемите на Општина Шуто Оризари и нејзините граѓани, но и дадов потстрек и поддршка за ефикасна подготовка на проекти од општината со цел целосно и ефикасно користење на средствата од Владата за инфраструктурни проекти. На Чаир и Шутка им е потребно да се направи ново поврзување со што значително би се растеретил и олеснил сообраќајот, тоа беше една од поглавните теми на оваа наша средба. Потребно е и проширување на булеварот ,,Џон Кенеди”. Во Шуто Оризари, потребен е и нов културен центар, каде што Градот би помогнал со издвојување на средства од програмата за култура за кој веќе има одредена локација, довршување на партерното уредување на спортстката сала како и уште многу проекти кои, со поддршка новата градска администрација ќе бидат реалност. Луѓето од левата страна на Скопје имаат сериозни проблеми и предизвици. Во мене тие секогаш ќе најдат поддршка и подготвеност за помош. Скопје повторно ќе биде горд град# – изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.