Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Српскиот патријарх Порфириј во понеделник доаѓа во Скопје: Со Г.Г. Стефан ќе присуствува на Светосавската академија

Српскиот патријарх Порфириј ќе присуствува на свеченоста што по повод Свети Сава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српскиот патријарх Порфириј ќе присуствува на свеченоста што по повод Свети Сава, националниот празник на српската заедница во Македонија, ќе се одбележи утре 27-ми јануари во Македонскиот народен театар во Скопје.

Во пресрет на утрешното главно одбележување, вечерва во Куманово ќе се одржи Академија по повод Свети Сава на која ќе биде присутен министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, а од Србија, министерот за дијаспора. 

Академијата ја организира Демократската партија на Србите од Македонија и локалната српска заедница.

Реклама

Стоиљковиќ неодамна најави дека на Светосавската академија патријархот ќе пристигне заедно со архиепископот Стефан.

„Ќе имаме можност двајца црковни великодостојници да ја уважат академијата и да го уважат денот и на некој начин да го заокружат процесот што го почнавме уште во 2007 година со прослава на националните празници во земјава“, рече тој.

Според него, ова е порака на помирување на регионот и соработка која ќе наиде на позитивен однос од целата македонска јавност.