Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година до сега земала неверојатни 35 милиони евра тендери само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Годишно во просек оваа веледрогерија блиска до Венко Филипче од Онкологија земала над 12 милиони евра тендери.

Реклама

Онкологија и државата се заложници на оваа веледрогерија со огромни профити, која креира вештачки кризи секоја година“, потенцира во изјавата.

Венко Филипче јавно да излезе и да каже дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата која ја прави и дали тој стои зад истата. Го повикуваме ЈО веднаш да постапи и отвори случај, а истовремено да каже до каде е со истрагите од случајот „Диво месо“? додаде во изјавата Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се трговци со животи и души на луѓе и мора најостро да бидат санкционирани. Не смее да дозволиме оваа мафија на смртта да печали на грбот на народот, а особено не на болните од рак, кои секоја секунда живот повеќе им ја должат на лекарствата со кои оваа мафија тргува, додаде Лефков.