Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Рокас: Владата се фокусура на надминување на прашањето со Бугарија, ЕУ-делегацијата – на испораката на рефорфми

Лобирањето и дипломатската офанзива но и фактот дека во Бугарија конечно е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лобирањето и дипломатската офанзива но и фактот дека во Бугарија конечно е избрана политичка влада се добар сигнал дека ќе се интензивира дијалогот Скопје-Софија за надминување на проблемот.

Според евроамбасадорот Рокас напорите за изнаоѓање решение, посетите на Брисел на Мицкоски, средбите со челниците на ЕУ и барањето начин за деблокада на патот покажуваат дека власта е посветена на европското прашање.

Паралелно, мора да се работи на усвојување на реформската агенда и европеизирање на институциите. Рокас, во однос на посетата на Мицкоски на САД порача дека секоја иницијатива што може да се преземе од другата страна на Атлантикот е повеќе од добредојдена.

Реклама

САД се навистина важен придонесувач и партнер на Македонија. Било која иницијатива што може да се преземе од другата страна на Атлантикот е повеќе од добредојдена. Веќе имаме нова влада во Бугарија. Се разбира дека ЕУ го поздравува ова, ние ќе се фокусираме на спроведување на реформите од Македонија, искористувајќи го моментумот од друга страна да не заборавиме дека Мицкоски го посети Брисел така да постојат интен зивни дипломатски напори но истовремено за надминување на оваа ситуација треба и спроведување на реформите согласно реформската агенда која беше усвоена од владата, рече Рокас.

Рокас испрати порака и дека сите заедно треба да работат, рака под рака, и ЕУ, и државата и институциите за напредок на Македонија.

А за промени на подобро, и во Македонија и во Западен Балкан генерално, од големо значење е и граѓанскиот сектор – овие пораки беа испратени од регионалната работилница “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан” организирана од македонскиот и албанскиот Совет на амбасадори.

Претседателот на Советот на Албанија, Генци Муцај е оптимист дека Македонија наскоро ќе и се приклучи на Албанија и оти ќе се најде решение со бугарската страна за одблокирање на евроинтеграцијата.

Не сме среќни што сте зад нас, би сакале да бидеме заедно на евроинтегративниот пат. Ние сме Европејци, досега требаше да станеме дел од ЕУ. Не гледам причина зошто вие наскоро не би ни се придружиле, без оглед на оддолжувањето. Сигурен сум дека ќе се најде решение со бугарската страна. Нема причина зошто европската интеграција на земјите од регионов би била блокирана, вели Муцај.

Според поранешниот амбасадор Нано Ружин, проблемот е со Европската Унија која е решена до крај да го истера она на кое се согласивме претходно – промена на уставот.

ЕУ е цврсто решена да го истера тоа до крај за смена на Уставот, тоа што е потпишано, вели Ружин.

Во меѓувреме, бугарскиот премиер Росен Жељазков на средба со претседателот на Европскиот совет Кошта, искажал поддршка за проширувањето на ЕУ, но според принципот на сопствени заслуги. Претседателот на Бугарија Румен Радев пак во разговор со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Лајчак, изразил надеж дека државниот врв на Македонија наскоро ќе покажел политичка волја за спроведување на европскиот консензус од 2022 година.

Ставот на македонската влада е јасен – уставни измени се можни само со одложено дејство, за да се заштитиме од подоцнежни блокади од Бугарија.