Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност а не со политика

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање по најавата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, за набавка на нов Владин авион, кој е ставот на Владата, таа посочи:
-Зборуваме за Влада, за нешто што значи одговорност кон државниот имот, но и одговорност која не е лична или индивидуална, туку е за потребите и намената на државата.
Неодговорно е да имате опозицијата која што изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот, не само што не направи нешто ново туку и она што беше направено го остави некако во заборав на времето.

Дозволете ми да Ви појаснам зошто како Влада размислуваме во оваа насока:

Реклама

-Неспорен е фактот дека имаме еден претседател којшто има загинато во авионска несреќа;
-Неспорен е фактот дека имаме еден претседател врз кој е извршен обид за атенат и
-неспорен е фактот дека секоја држава треба да размислува како да ги намали овие ризици.

Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност а не со политика, посочи Митева.