Реклама
Македонија

Мицкоски на бројни економски и политички средби во САД лобираше за интересите и напредок на Македонија

Борба за подобар живот, повисок стандард, поквалитетно образование, поконкурентна економија – борба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борба за подобар живот, повисок стандард, поквалитетно образование, поконкурентна економија – борба против корупцијата и криминалот, подобрување на инфраструктурата, подобрување на здравството. Премиерот Христијан Мицкоски, од Вашингтон порача оти е дециден дека ќе направеле се што е во нивна моќ да го вратат достоинстовто на македонскиот народ и да го надополнат изгубеното време.

Меѓу средбите кои тој ги одржа во рамки на посетата на САД, по повод инаугурацијата на Трамп, беше и средбата со дијаспората, им порача дека мора да ја засилуваат врската бидејќи така се штити македонскиот идентитет.

Таа борба за македонскиот народ се плашам дека не е доволна, дека ќе треба да победуваме и тука во Вашингтон и во Њујорк и во Брисел и во Берлин и во Лондон и во Париз и во Рим и во други светски метрополи, ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сѐ уште постои. Затоа е многу важно оваа врска којашто ја има татковината со Македонците надвор од татковината да продолжи да функционира да се засили, да биде уште посилна“ истакна премиерот Мицкоски.

Реклама

Тој упати уверување дека и покрај сите предизвици, оваа генерација ќе ги потврди илинденските идеали ќе го продолжи делото на Илинденците, на комитите, војводите, партизаните, а Македонија ќе биде најбогатата и најпросперитетна држава на Балканот.

„Сакам да испратам една порака дека ќе направиме како Влада сѐ што можеме и правиме сѐ што можеме и правиме и повеќе од што можеме за да вратиме дел од тоа загубено време и дел од тоа загубено достоинство за да можете вие да кажете дека повторно Македонија е ваша и повторно ќе бидете горди Македонци. Тоа е нашата цел и тоа е нашата инспирација зошто се нафатиме како генерација да ја работиме оваа работа. Бидете сигурни дека ќе го вложиме секој атом енергија да работиме само за интересот на татковината и на граѓаните“, порача премиерот Мицкоски.

Мицкоски кој во САД отпатува за да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, имаше бројни економски и политички средби, за да лобира за интересите и напредокот на земјава, но и да бара поддршка за македонските евроинтеграции.

Се сретна со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли и еден од најблиските соработници на Трамп, Ден Бонџино. На средбите порача дека аргументите и позициите на владата се јасни за стратешкото партнерство со САД и администрацијата на Трамп. Мицкоски се сретна и со канадскиот бизнисмен со македонско потекло, Ендру Пејков и со директорот на „Тетер“, Џеси Спиро. Разговараше и со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба.

На средбата со помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф разговарале за предизвиците и европската перспектива на Македонија. Се сретна и со претседавачот на советодавното тело за разузнавање на Трамп, Девин Нунес и македонскит бизнисмен Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата.

Мицкоски присуствуваше и на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од постоењето на црквата „Свети Никола“ во Њу Џерси.