Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Тошковски: Се води соодветна постапка под надлежност на ЈО за тоа дали бегството на Груби било организирано

Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натаму, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

Според министерот, уште од првиот ден на бегството на Груби биле преземени дејства од страна на Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР, била отворена внатрешна истрага и сето тоа што е обезбедено како доказен материјал по наредба на јавен обвинител е собрано и по наредба на обвинител е доставено, односно дали станува збор за организирано бегство, група или станува збор само за пропуст на предметниот полициски службеник.

„Од досега собраните докази кои ги имаме за да може да интервенираме во утврдена фактичка состојба во делот на службеникот- сме поднеле кривична пријава и се преземени чекори во насока на суспензија и во насоко на констатирање на негова вина, кривична одговорност согласно доказите кои се неспорни. Неспорно е дека полицискиот службеник не погледнува во мониторот и му дозволува да излезе. Тоа е неспорен факт и тука имаме кривична пријава“, рече Тошковски.

Реклама

Во одговор на друго новинарско прашање за кртовите во редовите на МВР кои ги пробиваат акциите, министерот за внатрешни работи смета дека и покрај дисфункционалниот систем кртовите, односно како што тој ги нарече предавници во МВР, се постигнати драстично различни резулатите во споредба со претходно.

„Само една акција која ја спроведовме во координација со ЈО за гонење на организиран криминал и корупција расветли осум убиства, кои 80-90 отсто се сторени во мандат на мојот претходник. Разликата е очигледна, но уште многу ќе треба да сториме за да имаме максимално професионална полициска служба. Уште многу ќе треба да сториме за да ги решиме кртовите, уште многу ќе треба да решиме за да остане запаметено во јавноста дека криминалот и корупцијата се неисплатливи и за истото за одговара“, подвлече Тошковски.